Како да се справите со одбивање

38

domino-665547_960_720

Фото: Pixabay

Кога ќе бидат одбиени некои луѓе се плашат да се обидат повторно, додека други по одбивањето се враќаат посилни од порано. Секој на различен начин го доживува одбивањето, но ментално силните личности ја користат таа “болка“ да станат посилни и подобри.

Aко не можете да го надминете вашиот отпор кон зборот “не“ никогаш нема да ги постигнете своите цели.  Најважната доблест на успехот е храброста.

Без разлика дали сте исклучени од некаков ангажман или унапредување, одбивањето боли. Меѓутоа начинот на којшто одлучувате да возвратите на одбивањето може да го одреди текот на вашата кариера. Еве како ментално силните личности се соочуваат со стравот од одбивање:

Тие ги потврдуваат своите емоции

Наместо да ги потиснуваат, игнорираат или негираат непријатните емоции поради одбивањето, ментално силните личности ги признаваат своите емоции. Тие признаваат кога се посрамени, тажни, разочарани или обесхрабрени.

Без разлика дали не е прифатена ваша идеја или не сте унапредени, одбивањето е непријатно. Обидувајќи се да ја минимизирате болката и убедувајќи се дека тоа е “не е голема работа“ само ќе ви ја продолжи болката. Најдобар начин да се справите со непријатните емоции е да се соочите со нив.

Не дозволуваат одбивањето да ги дефинира

Ментално силните луѓе не генерализираат кога ќе бидат одбиени. Ако некоја компанија одбие да ги вработи, тие не се декларираат како неспособни. Мислењето на една личност никогаш не треба да ве дефинира кои сте. Не дозволувајте вашата самодоверба да зависи од мислењето на другите луѓе за вас.

Учат од отфрлање

Ментално силните луѓе се прашуваат: “Што добив од ова“ и така учат од одбивањето. Наместо да ја толерираат болката, тие ја претвораат во можност за самораст. Со секое “не“ тие стануваат посилни и подобри. Одбивањето може да биде добар учител, затоа користете го како можност да се движите напред со поголема мудрост.