Како да се справите со пет типови на досадни вработени

24

zena

Фото: Pixabay

Дали вработените во вашата компанија ве нервираат? Нивното однесување е несоодветно и кога се враќате дома, континуирано размислувате како да изнајдете соодветно решение? Во продолжение, разгледајте ги решенијата на неколку ситуации кои ви одат на нерви:

1. Не го почитува вашето време

Вработениот секогаш доаѓа подоцна и често си оди дома порано. Кога состанокот започнува во 9 часот, вработениот се појавува со кафе во 9:15. Работата ја извршува добро, но сите чекаат да се појави за состанокот да почне.

Решение: Некои луѓе немаат осет за време. Други едноставно се груби. Вие треба да сфатите во која група ќе ги ставите. Ако вработениот нема осет за време, тогаш повикајте го кога одите накај состанокот, или кажете му на некој друг да го стори тоа. Но, ако тие се само груби, тогаш престанете да ја играте играта. Под никакви околности не го одложувајте состанокот, чекајќи вработениот да се појави. Започнете на време. Ако не е таму вработениот, тогаш големиот проект дајте му го на друг, иако е тој најдобрата личност за таа работа. Кога ќе влезе, игнорирајте го и продолжете со состанокот. Се додека ја извршуваат работата навремено, игнорирате го нивното доцнење.

2. Плачко

Од некои причини овие вработени се однесуваат како во средно школо. Се не е фер, незадоволни се од платата, ги кодошат останатите и ви пречат цело време.

Решение: Предупредете го дека не сакате да ги слушате неговите негативни коментари за останатите колеги. Укажете дека менаџирање на вработените е ваша работа, а не негова. Доколку некој го прекршил законот, тогаш да дојде и да ви каже, во другите ситуации да си го задржи мислењето за себе. Во поглед на платата, можете да му кажете дека е врз основа на пазарните цени и ако не му се допаѓа, може да си најде друга работа.

3. Мрзливец

Оваа личност е мрзлива, никогаш не ја завршува работата, секогаш доцни со роковите и ја префрла работата на другите колеги.

Решение: Веднаш да го отпуштите мрзливиот вработен. Зошто би му плаќале на некој што не работи? Ако сакате да бидете хумани, тогаш дајте ги парите во хуманитарни организации. На ваквиот вработен дајте му рок од 60 дена план за подобрување на перформансите, со јасно поставени цели и рокови. Ако не успее да се подобри, тогаш отпуштете го.

4. Социјално – глупав генијалец

Ова претставува еден од стереотипите за генијалците –  дека мирисаат лошо, не ги сфаќаат социјалните знаци, кажуваат несоодветни работи и дека ја носат истата облека што мајка им ја купила пред 10 години. Ретко се среќава ваков тип на вработен и тој може да да ја извршува работата беспрекорно, но кажува несоодветни работи бидејќи не ги разбира социјалните знаци.

Решение: Комуницирате со вработениот преку e-mail и инстант пораки, јасно посочувајќи што се очекува од него.

5. Желен за внимание

Ваквиот вработен секогаш очекува позитивни реакции и никогаш не смеете да го критикувате. Очекува унапредување по само шест месеци работење и не разбира зошто не го добива. Сака да го пофалите што дошол на време на работа и дека добро ја завршил работата.

Решение: Овој тип на однесување бара интервенција за јасните очекувања. Треба да ги повикате на состанок и да им објасните дека верувате во давање на позитивни реакции за добрите перформанси и дека ќе го сторите тоа. Сепак, нивните очекувања дека ќе добијат позитивни реакции за редовната работа е нереално.