Како да се справите со стресот кога сте под притисок

44

stressФото: Pexels

Стресот е неизбежен дел од брзиот начин на живот. Не можете да го избегнете, но можете да научите како да се справите со него.

Направете листа

Кога и да почувствате дека сте под тензија, земете лист хартија и напишете најмалку пет причини зошто во моментот се чувствате така. Ќе се изненадите кога ќе видите дека стресот не потекнува од таму каде што сте мислеле.

Напијте се вода

Посегнете по чаша вода секогаш пред да се задлабочите во размислување. Истражувањата покажале дека кога ќе ја изгаснеме жедта, мозокот полесно се посветува на дадената задача. Дури и кога не сте сигурни дали сте жедни, за секој случај, напијте се вода.

Вежбајте

Ако не можете да се справите со грижата, станете од столот, облечете ги патиките и отидете на трчање. Или пак, како алтерантива, можете да правите склекови, стомачни, да танцувате или едноставно, да зачистите по дома. Физичката активност ќе ве ослободи од напнатоста, а потоа со смирен ум ќе можете да се фокусирате на проблемот.

Искористете ја Pomorodo техниката

Послужете се со Pomorodo техниката – работете 25 минути, а потоа дозволете си краток одмор. И пак од почеток. На овој начин ќе го одморите мозокот и ќе му дадете енергија да биде уште попродуктивен во следниве 25 минути.

Престанете да глумите среќа

Бидете автентични. Не можете постојано да сте среќни или да се преправате дека сте. Голем е притисокот да сте позитивни постојано. Дозволете си себеси да бидете тажни или фрустрирани и на тој начин нема да ја трошите енергијата на глума, туку за поважни работи.