Како да се успее денес? Седум правила од Ана Винтур

679

Ана Винтур без сомнение е најмоќната и највлијателна жена во светот на модата, па не е ни чудо што многу дизајнери често ги менуваат своите колекции во последен момент доколку таа смета дека не се добри.

Славната уредничка на магазинот Вог кој важи за модна библија успеа да го промени модниот свет на многу начини, и веќе 33 години е личност што ја одбележува модната индустрија.

Таа е позната по ладниот став, темните очила за сонце кои ги носи во сите пригоди, богатите крзна и високите потпетици, особено сандалите на Маноло Бланик. Изгради своја империја која вреди повеќе од сто милијарди долари. Се смета за најмоќната жена во светот на модата, а нејзиниот брутално искрен и суров став се чини дека совршено ѝ одговара на комплетниот имиџ.

После толку години искуство и исклучителни деловни резултати, честопати и се обраќале за совет новинари, издавачи, дизајнери, фотографи и секакви креативци: Како да се успее денес? Како да се преживее толку долго? Што значи да се биде лидер?

Правило 1: Секогаш ви треба некој да ве турка напред, а не некој да ве повлече назад.

Правило 2: Никогаш не верував во микроменаџмент. Многу е важно да го тренирате секој член од вашиот тим и да му дадете моќ бидејќи вие не сте ништо, апсолутно ништо без добар тим. Исклучително е важно да се опкружувате со луѓе во чие мислење верувате и кои не се плашат да се спротивстават на вашето мислење. И треба да слушате.

Правило 3: Секогаш доаѓа момент кога треба да ги прекршите правилата. Кога решивме дека на насловните страници на Vogue ќе има актери и музичари, а не само модели, направивме голем чекор напред и прекршивме едно големо правило.

Правило 4: Вие водите, вие не следите и тоа мора секогаш да го имате на ум.

Правило 5: Ве води срцето, талентот, инстинктот.

Правило 6: Одлучете и застанете зад вашите одлуки и она што сте и без извинување.

Правило 7: Кога станува збор за работата, секогаш ги советувам моите луѓе да се исклучат, да одат на одмор, да посветат време на себе и на она што го сакаат, без разлика дали тоа е готвење или свирење на пијано. Важно е да се занимавате со нешто што нема врска со секојдневната работа и што ги поврзува со нивното внатрешно битие.