Како да се вратите во форма на работа по празниците?

57

Празниците се одлична прилика да поминете повеќе време со семејството и пријателите. Тоа подразбира повеќе време надвор од канцеларија, од секојдневните обврски и дневната рутина. Откако сето тоа ќе помине, факт е дека треба да се вратите на оние активности што ги правевте пред празниците.

Ако се чувствувате непријатно што пак мора да се вратите на секојдневните работи, најдобро е психички да се подготвите еден ден порано. Пред да заминете на празничен одмор, расчистете го работното биро, за кога ќе дојдете на работа да ви биде попријатно и веднаш да почнете да работите без никаков проблем.

Додека работите, фокусирајте се на детали и почнете со активностите една по една. На тој начин, работното време полесно ќе ви помине бидејќи ќе имате впечаток дека сте завршиле многу работа за кратко време.

Не претерувајте со храна за време на празниците. Ако јадете премногу мрсна и количински повеќе храна, тогаш организмот ќе се бори подолго време за да ја свари. За тоа ќе биде потребно повеќе енергија и ќе се чувствувате истоштено. Наместо тоа, после празниците јадете повеќе овошје и зеленчук и внесувајте повеќе течности за да се вратите во форма.

Бидете активни, искористете ја секоја минута за пешачење и одмор на свеж воздух. Така ќе имате повеќе кислород во себе и полесно ќе ги завршите обврските што ги носи работата.

Искористете ја пауза за да разговарате со колегите. Исто така, може да се договорите да испиете кафе после работа за да не се чувствувате меланхолично по празниците. Иако веќе празниците се зад нас, искористете го времето со интересни активности, одвојте време за омиленото хоби, слушајте музика, одете на кино…

Фото: Pexels