Како да се задржи мотивацијата

49

motivacija-pexels

Фото: Pexels

Да се остане мотивиран во бизнисот е уметност и наука. Мотивацијата започнува од умственото однесување, физичката кондиција, работната атмосфера, односот со вработените и клиентите, како и со атмосферата надвор од деловното опкружување.

За да останете мотивирани во бизнисот треба да знаете дека животот е само 10% од она што ни се случува, а 90% како реагираме на тоа. Треба да се прифати фактот дека секој е одговорен за своите постапки, и дека истите можат да се променат во зависност од ситуацијата.

Дури и кога бизнисот претрпува тешки моменти, добриот претприемач треба да покаже оптимизам и секогаш да се стреми да биде извор на инспирација за своите вработени.

Претприемачот мора да научи да го одвои приватниот живот од деловниот. Домашните проблеми се решаваат дома, а работните во канцеларијата.

Понекогаш одредена ситуација или проект може да прерасне во вистинска опсесија без да бидете свесни за тоа. Не се лишувајте од паузите, кратките одмори… тие се многу битни за да останете мотивирани. Дајте си оддишка кога ви е потребна, така ќе ја намалите тензијата и стресот и ќе ја зголемите мотивацијата за работа.

А еве што мудрите и успешните велат за мотивацијата и она што ја сочинува:

“Луѓето кои не можат да се мотивираат себе си, мора да се задоволат со просечноста, без разлика на големината на нивните таленти” – Andrew Carnegie

“Внимавајте на опкружувањето кое ќе го изберете, тоа ќе ве формира како личност. Внимавајте на пријателите кои ги одбирате, вие ќе станете како нив” – W. Clement Stone

“Најбитно е да уживате и да продолжите да работите. Велат животот е патување, не дестинација. Истото важи и во бизнисот. Само продолжете да се движите” – Thomas J. Burrell

“Работете напорно, забавувајте се, останете замапаметени” – Jeff Bezos