Како да се зголеми продуктивноста на работното место?

60

produktivnost

Фото: Pixabay

Финансиските вложувања не се единствен начин да се зголеми профитот на една компанија. Понекогаш е многу поефикасно да се употреби најевтиниот метод – зголемување на продуктивноста кај вработените.

Еве неколку начини што ќе придонесат за подобрување на перформансот на работното место.

Добро искористена пауза

Осум часа дневно (па и повеќе) непрестајна напорна работа не може да даде завидни резултати. Паузите се повеќе од потребни, но сепак треба добро да се испланираат. Клучно е за тоа време да не зборувате или размислувате за работата. Паузата поминете ја сами или со некој колега на начин што ќе ви помогне да се опуштите макар за кратко.

Не ја прекинувајте започнатата задача

Секоја започната задача ќе биде изработена како што треба ако процесот не го прекинувате со непотребни работи и неважни дискусии. Ако не очекувате важен повик, исклучете го телефонот и не проверувајте мејлови додека не завршите. Важно е да се фокусирате на една задача и да не започнувате ништо друго дека не бидете готови.

Најдете мотивација

Пред да започнете со работа на некоја важна задача, одредете некоја активност што ќе ве мотивира. Ветете си дека ќе си допуштите мало уживање доколку се покажете успешни. Тоа може да биде било што, од шопинг до одење на некое место кое вам ви пружа задоволство. Со добра мотивација секоја работа полесно оди.

Комбинирајте ги работата и задоволството

Понекогаш е корисно да се измешаат овие две работи. На пример, имате важни телефонски повици, а уживате во физички активности и секојдневно ги практикувате – ставете слушалки на уши и застанете на подвижна лента, џогирајте или направете ја онаа активност што во моментот ви одговара.

Работете надвор од работниот простор

Доколку имате таква работа и можност да ги извршувате задачите надвор од канцеларијата, одберете место каде ќе се чувствувате опуштено. Тоа може да биде вашиот дом, блискиот парк или онаму каде што концентрацијата и мотивацијата најдобро ќе ве служат. Гужвата на работното место понекогаш може да ја ограничува продуктивноста.