Како да создадете деловна култура

257

mehanizam

Фото: Pixabay

Една од најважните работи што ја одржува бизнис заедница е деловната култура, која што се дефинира како единствен стил и пристап на било која компанија.

Таа влијае на сè што е поврзано со компанијата, од вработувањето до нивото на ангажираност кај вработените.

Иако не постои еден модел што може да одговара за секој бизнис, има неколку фактори коишто можат да ја поттикнат деловната култура во една заедница.

Јасно дефинирани улоги и цели

Она што навистина важи за секоја компанија е тоа дека вработените имаат чувство кога нивната работа се цени. Затоа менаџерите треба да потенцираат кои се обврските и што е она што се бара на работното место. Вработените кои јасно ја разбираат својата улога и придонесот за компанијата се силни мотиватори. Кога знаат што треба да направат, ги вклучуваат и останатите вработени во акција.

Меѓусебна почит

Наместо да се повлекувате од судирите со вработените, пробајте да делувате проактивно. Уште еден начин вработените да почувствуваат дека се почитувани е кога менаџерот наоѓа време да разговара со нив и да слушне што тие имаат да кажат. Најдобар показател на компанија што пропаѓа е целосен недостаток од комуникација, затоа нека истата биде ваш приоритет.

Признание за достигнувањата

Секое деловно остварување треба да биде признаено, без разлика дали е мало или големо. Менаџерите ќе добијат поголема доза на почит од вработените доколку не изостанат искрените пофалби за добро завршената работа. Најдобра тактика е поставување на повеќе мали цели и известување на вработените дали и како ги исполниле.

Запознајте ги своите луѓе

Дел од добрата деловна култура е пријателството помеѓу менаџерот и вработените. Кога прептоставените ги познаваат луѓето кои работат за нив, запознаени се со нивните слаби и силни страни. Комуникацијата во живо е клучна за градење на добри односи. Поттикнете позитивна енергија за да ги добиете потребните информации.