Како да создадете производ што сам се продава

79

proizvod

Фото: Pixabay

Да се создаде производ што истовремено ќе им се допадне на купувачите и ќе реши некој нивен проблем на побрз, поевтин или поефикасен начин не е лесна задача. Без соодветна подготовка, истражување, креативност и објективен фидбек, не може да се постигне посакуваната цел на сите претприемачи – создавање на производ што ќе се продава сам.

Во продолжение неколку совети како полесно да го постигнете тоа.

Исполнете очигледна потреба преку едноставен критериум

Една од најважните работи е да создадете производ што ќе задоволи очигледна потреба. За да бидете сигурни дека сте го направиле тоа, проверете дали ги исполнувате следниве критериуми.

Едноставен: Производ што сам се продава умее без претпоставка да ги задоволи потребите на клиентите, брзо и на едноставен начин.

Интересен: Секоја производ наликува на сличен друг, но сепак за да се истакне повеќе од конкуренцијата мора да биде интересен и специфичен по некоја карактеристика.

Значаен: Со самото тоа што ќе создадете производ што ќе реши некој проблем значаен за луѓето, веројатноста дека ќе се продава е голема.

Продуктивен: Производ што ќе се продава сам автоматски ќе понуди побрзо, полесно или поевтино решение. Со други зборови ќе му го олесни животот на купувачот.

Долготраен: Успешен производ ќе има долг рок на траење и ќе продолжи да се продава решавајќи проблеми и на низа генерации што ќе следат.

Освен горенаведените критериуми, треба да се создаде производ чија вредност ќе биде веднаш препознаена од страна на купувачите. Притоа вредноста мора да биде очигледна, а вие треба да умеете тоа да го објасните на едноставен начин.

Ако имате било каква недоумица, прашувајте ги сите… партнерите, пријателите, првите купувачи, производителите… Како основач токму тука треба да се покажете дека умеете да ја прифатите вистината и доколку не ви оди во прилог. Ако според луѓето вредноста не е очигледна, ќе мора да преземете нешто.

Понудете нешто уникатно

Како да го изведете тоа?

Добро запознајте ја вашата индустрија: Одлучете се за индустрија што ви е позната.

Прашувајте за фидбек: Ова е многу важно. Штом не сте сигурни за нешто, зборувајте со луѓето за вашиот производ, прашајте за сè што ве интересира и инсистирајте на објективност.

Запознајте ја конкуренцијата: Последно нешто што сакате да направите е да создадете супер производ и да дознаете дека вашата конкуренцијата веќе го направила истото. Не само што тоа ќе ви се препише како наивен потег, туку ќе изгубите и многу пари.

Влезете на пазарот со производ што ќе носи добро име

Производите што сами се продаваат обично имаат и одлично име. Еве како да го изберете вистинското.

Нека го навестува решението: Името треба барем малку да потсетува на она што производот го прави, односно решава.

Вклучете клучни зборови: Вистинското име ги содржи клучните зборови или дел од зборот што претставува производот.

 Безвременост: Избегнувајте тренди зборови и зборови што не се помнат. Името на вашиот производ треба да биде релевантно и по пет, десет години.

Лесно и приемчиво: Името на вашиот производ треба да биде лесно за помнење, изговарање и пишување. Освен тоа, треба да биде преводливо и на други јазици.