Како да создадете транспарентна работна средина

18

transparentost

Фото: Pixay

Довербата и транспарентноста станаа популарни барања за работното место, бидејќи вработените сакаат да знаат што е реално и вистинско. Луѓето се изморуваат од неизвесност и изненадувања кои се појавуваат и сакаат да работат во средина којашто им овозможува да имаат јасна слика за ситуацијата.

Да се биде транспарентен е моќна работа. Повеќето лидери не се транспарентни бидејќи сметаат дека тие ќе го изгубат авторитетот. Ова е проблем кај повеќето лидери, тие не се свесни за реалноста што постои околу нив дека вработените сакаат да соработуваат со своите лидери. Тие сакаат да знаат дека нивните лидери ги искусиле и надминале проблемите.

Продуктивна работна средина е онаа каде владее транспарентноста и се споделуваат информации и идеи помеѓу вработените, работодавачите, менаџерите. Транспарентноста е важна за компаниската култура бидејќи гради доверба и поцврсти односи, поголема соработка и заедничко учење помеѓу вработените и менаџментот на компанијата.

Овие неколку совети ќе ви помогнат да “завладее“ транспарентноста во вашата компанија.

Поттикнете искрени разговори со вашиот тим

Охрабрете ги вработените од сите нивоа да поставуваат “тешки“ прашања за одреден проект или стратешка насока на компанијата на колегите или менаџерите. Вашите вработени се пуштени во фронтот и поголема е  веројатноста дека тие ќе ги забележат проблемите што се појавуваат. Дозволете сите да се чувствуваат удобно да размислуваат и споделат забелешки и размена на информации.

Научете го тимот како да даваат и добиваат повратни информации

Научете го тимот како да даваат и добиваат повратни информации. Обезбедете им обука на вработените каде што една од клучните области на фокусирање е давањето искрени, конструктивни повратни информации.

Проактивно споделувајте лоши вести

Вработените не сакаат да се чуваат во мракот, особено ако тие почувствуваат нешто важно или вознемирувачко се случува зад затворени врати. Тие сакаат да бидат информирани за важни прашања, грешки или промени, дури и ако тоа не е голема вест. Споделување лоша вест е вредно во градење на доверба.