Како да справите со неморалното однесување на вработените

62

kancelarija

Фото: Pixabay

Системот на морални вредности е индивидуално поставен кај секоја личност и затоа претставува проблем да се дефинира неморалното однесување. Контроверзно е да се означат луѓето како неморални ако се однесуваат непринципиелно, нечесно или пак се корумпирани – што се најчесто употребуваните еуфемизми. Сето тоа им создава голем проблем на менаџерите да им судат на вработените за нивниот морален карактер, но исто така тие ја водат битката и во самите себе. Многу менаџери страдаат од честа заблуда дека чесноста и компетентноста се взаемно корелирани. Има толку многу чесни луѓе кои се неспособни, како и компетентни луѓе кои се нечесни.

Прашањето на моралноста во светот на бизнисот останува неодговорено. Сепак, нечесното работно однесување, како што е злоупотреба на персоналот, грубо однесување и кражби ја чинат економија на компанијата многу пари.

Прочитајте како да се справите и да управувате со вработените кои немаат силен морален компас.

Вклучете ги вработените во работниот процес

Истражувањата покажуваат дека задоволството од работата е во корелација со работното однесување. Поголема е веројатноста дека и помалку етичките поединци ќе бидат на некој начин принудени да дејствуваат морално, ако се вклучени во работата. Затоа треба на вработените да им давате значајни задачи, да ги направите да се чувствуваат ценети и тие ќе бидат повеќе приморани да се вежбаат на организациско однесување, без оглед колку се принципиелни.

Бидете им пример на вработените

Моралот на лидерот одредува колку етички или неетички ќе се однесуваат вработените во организацијата. За менаџерите, импликацијата е јасна: ако сакате вашите вработени да дејствуваат морално, почнете го моралното однесување од себе. Исто така, можете да го споредите однесувањето на вработените со помалку морал со однесувањето на оние со поголем морал од нив, за да го инспирирате етичкото однесување.

Имплементирајте етички тренинзи

Без разлика на тоа што моралните предиспозиции кај вработени се веќе поставени, организацијата може да влијае на донесувањето одлуки кај вработените. Истражувањата покажуваат дека компаниите што спроведуваат формални програми за поддршка на етичките избори влијаат на намалувањето на контрапродуктивното однесување и стапката на злоупотреба, како и на зголемувањето на задоволството кај вработените.

Контролирајте ја работната средина

Вие не можете да ја промените личноста на вработениот, но можете да го промените начинот на којшто се однесува во компанијата. Ако имате неколку вработени што се однесуваат неморално, тогаш не дозволувајте нивното однесување да се рефлектира на останатите. Етичко однесување функционира на два начини – на луѓето и на ситуациите во коишто се наоѓаат. Секој има темна страна од својата личност, затоа поголеми се шансите да се појави таквото однесување во токсични или ситуации со морален притисок. Менаџерите можат многу да влијаат врз работната средина. Тие можат да им помогнат на вработените кои се помалку способни во остварувањето самоконтролата, со зголемена контрола од нивна страна.

Креирајте несебична култура

Во компанијата треба да се изгради култура каде што несебичноста е наградена. Иако организациската култура не може да се создаде преку ноќ, истражувањата покажуваат дека грижливата култура спречува неетички однесувања на работа, додека пак културата на само-интерес да ја промовира. Она што е важно е да ги убедите вработените дека компанијата навистина го цени дарежливото и несебично однесување.