Како да станете незаменливи на работното место

56

woman-3060784_960_720

Фото: Pixabay

Секоја компанија има барем еден работник кој најдобро ги знае работите и се чини дека знае сè и секого.
Да се биде незаменлив дел од тимот има голем број бенефиции. Одлично е за вашата самодоверба, менаџерите се потпираат на вас и имате чувство за сигурност на работното место. Да се биде неопходен на работа значи да бидете незаменливи.

Ако сакате да станете незаменлив работник во својата компанија, овие неколку совети ќе ви помогнат во остварување на стремежот.

Бидете сигурни

Сигурноста не е само да се појавите навреме на состаноците. Треба да бидете ефикасни и кооперативни кога работите ќе бидат тешки и ќе бидете личноста во која луѓето во вашиот тим ќе се свртат кога ќе треба да се направи нешто добро и брзо. Бидете сигурни дека вашиот менаџер знае на кого помагате за да не почувствувате дека сте искористени.

Олеснете ја работа на вашиот менаџер

Ако ја олесните работата на вашиот менаџер или преземате одговорности од нив ќе им овозможите да се концентрираат на нивните менаџерски обврски, тогаш тие ќе се борат да ве задржат. Важно е да имате некој влијателен на вашата страна на работа. Обидете се да пронајдете празнина во неговите вештини, коишто вие може да ги надополните.

Фокусирајте се на клучни проекти

Фокусирајте се на работата што е најважна и итна, а не на работата што е најлесна или најбрза. Доброволното пријавување за работа на клучни проекти ќе допринесе одговорните да ве гледаат како посветена личност.

Бидете експерт

Обидете се да монополизирате одредена вештина. Кога има задача што треба да се заврши, а никој не е соодветен да ја преземе, научете ги потребните вештини и станете личност која знае како да го направи тоа најдобро.

Споделете го вашето знаење

И покрај тоа што е одлично да се поставите како експерт, исто така важно е да ја споделите вашата експертиза со тимот. Бидете подготвени да ги едуцирате другите и да стекнете статус на обучувач.

Понудете решенија

Менаџерите не сакаат проблеми, сакаат решенија. Ако сакате да бидете незаменлив на работа, треба да најдете начини за решавање на проблемите со коишто се соочува бизнисот.