Како да станете омилен шеф

31

lider-2

Фото: Pexels

Кратко упатство во неколку чекори како да станете шеф што сите го сакаат.

Не се обидувајте да бидете кул шеф

Да се биде авторитативен, но приземјен е баланс што е тешко да се одржува. Оставете го формалното облекување, резервираното паркинг место и богатите оброци. Наместо тоа трудете се да бидете први и последни што ќе проектираат идеи и ентузијазам за работа. Во исто време не се обидувајте да им се приближите на вработени со однесување што не прилега за шеф, како кежуал секојдневен разговор или покана за ручек.

Вработените не се членови од вашата фамилија

Вие и вашите вработени сте еден тим, но сепак не сте семејство. Тоа не значи дека нема да бидете блиски, но сепак треба секој да си ја знае функцијата. Секогаш треба да се држите до средината, здрава комуникација, без преголема блискост, но доволно познавање на меѓусебните обврски што може да придонесе за ефективно тимско работење.

Прифатете ги критиките

Прифаќање на критики е малку тешка задача за оние на одговорни функции. Сепак добро е да прифатите конструктивна и добронамерна критика од вработените. Обезбедете им соодветен формат на членовите од тимот преку којшто ќе можат да ви се обратат на начин што нема да ги обесхрабри, а истовремено покажате дека сте отворени за прифаќање на критики.

Користете ја конкуренцијата како мотиватор

Еден тим секогаш ќе биде поефикасен доколку има реална сила, конкуренција, кон којашто ќе може да ја насочи својата енергија. Затоа треба да поминете барем еден месец зборувајќи за конкуренцијата и за тоа како секој вработен ќе може да ѝ помогне на вашата компанија да биде чекор напред. Ваше е да ги мотивирате вработените, а најдобар начин за тоа е да ја искористете конкуренцијата.

Барајте мали услуги

Секој сака да се почувствува потребен. Затоа одвреме навреме побарајте од вработените да завршат некоја мала едноставна задача, а притоа да не изгледате како ситничари. Ако добро сте запознаени со функцијата што одредениот вработен ја има, ќе знаете точно што можете да побарате.

Јавно извинете се за вашите грешки

Едно искрено извинување пред сите ќе ви донесе многу поени. Шефовите ја забораваат моќта на извинувањето кое со себе носи доза на емпатија, доблест и корпоративна одговорност. Сепак, фокусирајте се на оние грешки што не се ни мали ни големи. Не сакате во целост да ја уништите репутацијата, ниту пак да звучите смешно.