Како да станете поефикасни на работа

21

Фото: Pexels

Неколку начини како да ја зголемите вашата ефинкасност во работењето.

Покажете кои сте

Успехот на работа не е поврзан со одредени карактерни особини (иако силна работна етика може да донесе успех).На пример, луѓето кои се интровертни повеќе сакаат да работат сами, додека пак екстровертните луѓе обожаваат да работат во тим. Ранобудниците најдобро функционираат наутро, додека пак “ноќните птици” се најпродуктивни навечер. Ефикасните работници функционираат со нивните вродени карактерни особини, а не против нив. Тие не се обидуваат да го променат карактерот за подобро да се вклопат во работата.

Бидете реални

Ефикасните работници поставуваат професионалните цели што не се во спротивност со нивните лични животи. На пример, ако треба да се грижат за нивните деца или пак постари родители, тие се свесни дека не можат целосно да се посветат само на работата. Работниците кои патуваат, студираат или имаат проблеми со здравјето мораат да ги намалат нивните обврски исто така. Ако сакате успех треба да бидете реални кога си ги поставувате целите, а тоа вклучува анализирање на сопствениот живот и природни способности.

Бидете спокојни

Ефективните работници преземаат ризици и се наградуваат себеси без разлика од исходот. На пример, ризик во кариерата може да е самото давање на сопственото мислење на состанок или пак аплицирање за ново работно место додека работите. Ризиците во кариерата вклучуваат се’ и сешто затоа што секој различно го разбира ризикот. Еден од најголемите ризици во кариерата е искреноста кон самите себеси, да бидете доволно искрени да си признаете точно кои се вашите вештини и способности, а тоа ќе ви помогне подобро да ги формулирате вашите цели во кариерата.

Испитајте што најдобро функционира за вас

Ефективните работници не ги прават истите задачи постојано туку точно знаат кои задачи им одат добро и се трудат најдобро да ги извршат. Тие обрнуваат внимание и на останатите колеги кои им помагаат да успеат и бараат начини за најдобро да се справат со колегите кои им ја отежнуваат работата. Еден добар начин да ја подобрите вашата работа и да бидете успешни може да е да најдете некој ваш колега кој е навистина успешен и ќе ви служи како пример.

Променете го тоа што не функционира

Понекогаш работите не одат по план или пак целосно пропаѓаат – тоа може да им се случи и на највредните работници. Понекогаш и ним им е потребна помош при извршувањето на задачите, мала пофалба за да продолжат добро да работат или пак дури и ослободување од другите работни задачи за да можат целосно да се концентрираат. Ефикасните работници се позитивни, флексибилни и оптимистички размислуваат за сопствената иднина. Тие знаат дека најдобриот начин да се подобрат во работата е да се приспособат на задачите и да размислуваат за промените во нивната кариера