Како да станете продажен експерт

57

Фото: Pixabay

Неколку совети за сите оние што сакаат да постигнат одлични продажни резултати.

Не размислувајте како продавач

Ако сакате да станете продажен експерт треба да престанете да размислувате како продавач. Слушајте. Така ќе ја добиете довербата на клиентите.

Докторска тактика

Наместо да размислувате како продавач, пробајте да размислувате како доктор. Ниеден доктор никогаш не рекол “Имаме нова неверојатна процедура, што ќе промени се`”.Наместо тоа, добрите доктори поставуваат прашања, за да ја разберат болката, пред да постават дијагноза. Искористете ја оваа тактита и поставувајте прашања.

Споделете ги предизвиците

Како експерт вие имате информации кои треба да ги споделите со клиентите. За да го добиете нивното внимание, споделете значајни факти за индустријата во којашто сте. Набројте неколку примери за предизвици со коишто сте се соочиле. Ова ќе им даде на клиентите нешто со што ќе се поврзат.

Прашувајте

Едноставните прашања ви додаваат поголема вредност и поголема почит кога продавате. А, тоа е многу важен чекор во продажбата.

Треба да знаете кога да си заминете

Ако клиентот нема предизвици коишто вие можете да ги решите, тогаш е време да си заминете. Клиентите ќе ве почитуваат повеќе кога ќе забележат дека не сте од оние што сакаат да продадат по секоја цена.