Како да заштедите повеќе пари на крајот на месецот?

131

Финансиски стабилните луѓе имаат однапред планирани начини да заштедат за иднината. Преку внимателно трошење и паметни заштеди, секој од нас може да ги постигне своите финансиски цели.

Учењето како да управувате со вашиот буџет и да заштедите пари е најдобриот начин да станете финансиски сигурни.

Ако сте заинтересирани како да заштедите повеќе пари на крајот од секој месец или само сакате да стекнете подобра контрола врз вашите лични финансии, со овие четири едноставни чекори ќе успеете.

Поставете финансиски цели

Една од најчестите причини зошто нашите финансии излегуваат од контрола е недостатокот на визија. Зошто да започнете да штедите пари ако не знаете ни за што штедите? Најлесен начин да ги промените вашите потрошувачки навики е да започнете да штедите пари за нешто што е важно за вас. Тоа може да биде патување со кое сакате да одите со години… Јасно ни е дека со сите трошоци за живот што ги имате воопшто не е лесно да заштедите секој месец, но со поставување јасни финансиски цели ќе биде барем малку полесно. Постојат различни начини на кои можете да ги поставите вашите финансиски цели. На пример, направете листа на сите ваши основни трошоци – кирија, комунални услуги, здравствено осигурување, други трошоци за намирници, месечно купување и слично. Вклучете во таа пресметка одреден процент од приходот што сте спремни да го заштедите секој месец. За почеток, доволно е да направите 10 до 20 проценти од вашиот приход.

Поставете ги вашите приоритети

Погледнете ја листата на примарни расходи. Кога ќе ги одземете примарните трошоци од месечната заработка, ви останува ли сумата за остатокот од месецот? Ако не, добро размислете за вашите основни трошоци и поставете ги вашите приоритети. Пронајдете ги работите за кои трошите, a без кои би можеле . Без разлика кои се вашите приоритети, важно е да направите добар план за трошење и заштеда.

Ослободете се од скапите навики

Друг начин да заштедите повеќе пари на крајот на месецот лежи во справувањето со “скапите“ навики. За да заштедите, треба да бидете подготвени да ги намалите навиките за прекумерно трошење. Не треба да трошите повеќе отколку што заработувате месечно, пресметката е јасна. Направете листа на работи од кои сте подготвени да се откажете и држете се до неа.

Најдете други начини за заштеда

Покрај инвестирањето во третиот пензиски столб, можете да заштедите пари и со инвестирање во дополнително здравствено осигурување или инвестициски фондови. Осигурајте стан или куќа, побарајте каско осигурување на автомобил или платете за сè попопуларното животно осигурување. Заштедата во споменатите области е долгорочна инвестиција. Заштедата на пари во никој случај не е лесна задача и затоа ќе ви треба многу напор, но ќе се исплати на крајот.