Како добриот лидер се справува со некомпетентни вработени

69

lider-3-pixabay

Фото: Pixabay

Добриот лидер знае како да работи со различни луѓе. Тој треба да биде способен да ги мотивира вработените кои не успеале да извршат одредена задача, да соработува со досадни колеги и да ги надмине проблемите со оние кои имаат тежок карактер. Оваа работа за лидерот можеби изгледа фрустрирачка, но соочувањето и справувањето со неспособни работници е неизбежно. Давањето на отказ на ваквите вработени не е секогаш опција и затоа лидерот мора да научи како да остане сталожен и професионално да управува со нив. Овие четири совети може да помогнат лидерот да се справи со неспособните вработени, пишува Entrepreneur.

Јасно комуницирање

Работите може да тргнат наопаку кога има недостаток на јасна комуникација во еден тим. Луѓето треба да погодат (честопати погрешно) што треба да направат, а кога ќе се појави некој проблем, секој почнува да го вперува прстот кон некој и со тоа расте тензијата и стресот. Добриот лидер треба да воспостави систем на комуникација што секој треба да го следи и почитува.

Документирање

Постојат вработени кои секогаш предизвикуваат проблеми и наместо признавање на вина и изнаоѓање на решение се потпираат на “тој/таа рече“.

Добриот лидер ги избегнува ваквите последици документирајќи сè што е кажано, направено, преземено.

Смиреност

Секој има критична точка и може да “експлодира“ не можејќи да се справи со неспособните вработени. Добриот лидер треба да остане смирен кога се преминува линијата.

Подготвеност за тежок избор

Никој не сака да работи со ’тешки’ соработници, но секој лидер треба да се справи со нивните карактери. Лидерот треба да го реши проблемот на професионален начин, но преку фокусирање на своите постапки, а не на некој друг.