
Федералните резерви на САД (ФЕД) ги објавија резултатите од извештајот за неуспехот на банката на Silicon Valey Bank
Во извештајот се наведуваат причините за колапсот, а првата од нив е дека одборот на директори и менаџментот на SVB не успеале да управуваат со ризиците.
Дополнително, се наведува дека супервизорите на ФЕД не го разбрале целосно степенот на ранливост на SVB, но кога го направиле тоа, тие не презеле доволно мерки за да обезбедат брзо решавање на овие проблеми.
Потпретседателот на ФЕД, Мајкл Бар, објави дека надзорот е несоодветен и дека регулаторните стандарди се премногу ниски, пренесува Ројтерс.
„Колапсот на SVB покажува дека има слабости во регулативата и надзорот што мора да се решат“, рече Бар.
Тој посочи дека оваа ревизија претставува прв чекор во тој процес кој дава увид во условите кои доведоа до колапс на банката, вклучувајќи ја и надзорната и регулаторната улога на Федералните резерви.
SVB пропадна во март оваа година, откако штедачите загрижени за ликвидноста на банката побрзаа да ги повлечат своите депозити, повлекувајќи повеќе од 100 милијарди долари за два дена.











