Како е да се работи за Мате Римац?

56

Од 2014-та година, основачот на Rimac Automobili, Мате Римац спроведува анкета што има за цел да го открие нивото на задоволство на неговите вработени. Според него, анкетата е во ист формат од времето кога во компанијата работеле 50-тина луѓе и денес кога има над 800.

“Мене ова ми е исклучително интересно, посебно кога ги споредувам со претходните фази од фирмата. Ништо да не знам за фирмата освен раст, некои работи би биле појасни без гледање на извештајот. На пример, дека луѓето се помалку задоволни од организацијата на фирмата, што е очекувано поради брзиот раст. За поголемиот дел од проблемите знаеме и работиме на подобрување со полна пареа“, напиша Римац на Facebook.

Од максимална оценка четири, анкетата покажува задоволство на вработените со 3,402. Највисоки оценки имаат сегментите: предизвик на работните задачи (3,621), посветеност на работата (3,612) и лојалност (3,610).

Од друга страна, најниска оценка имаат: организација на работата (2,844), вклученост во донесување одлуки (3,270) и личен раст и развој (3,378).

Во анализата се поставени и коментари на вработените. Одвојуваме неколку од нив:

“Ако продолжиме како и досега, небото е граница! Само пофалби“.

“Фирмата се грижи за своите вработени, иновативна е, константно работи на подобрување на условите за вработените на сите полиња. Секако го препорачувам Rimac Automobili како најдобар работодавач во Хрватска“.

“Најдобра фирма за инженери и млади луѓе“.

“Начинот на работа и атмосферата е одлична, но сум загрижен за неизедначеното финансиско изедначување на работниците, како и нетранспарентност во можното финансиско напредување на работниците“.

“Некои работници немаат плата каква што заслужуваат, а би требало да се виде напредок и нивниот труд од минатата година“.

“Многу работа, малку пари“.

“Премногу прекувремена работа. Лош work – life balance“.

Фото: Facebook