Третата смена или ноќна работа е честа кај големи индустриски капацитети и компании чија дејност бара континуитет. Станува збор за работа во специфични услови, па така мора да се земат предвид сите фактори кога се организира ваков вид на работа.
Според Законот за работни односи, ноќна работа се смета работење во период меѓу 22 часот и шест часот наредниот ден.
“Работникот кој работи ноќе барем три часа од својата редовна дневна работна обврска, односно работникот кој одработува ноќе една третина од полното работно време од својата годишна работна обврска има право на посебна заштита за ноќна работа“, стои во членот 128 од Законот за работни односи.
Законодавецот утврдил дека, работодавачот на свој трошок е должен на работниците кои работат ноќно време да им обезбеди: подолг одмор, соодветна храна, стручно раководство на работниот процес, лекарски прегледи пред нивното ангажирање во ноќна работа и во редовни временски периоди утврдени со закон, ако работата се врши во смени, работодавачот е должен да обезбеди периодично менување на работниците, работодавачот не смее да го распореди на ноќна работа работникот на кој нема да му обезбеди услови за превоз до и од работа.
Фото: Freepik