Како еден од најмладите милијардери во светот започна да гради богатство од кревет

199

Во 2015 година, Џони Буфархат доживеа алергиска реакција поради која морал да седи дома и не можел да излегува, да се дружи со луѓе или да оди на настани. Фрустрацијата поради недостатокот на контакт со надворешниот свет го натерало 27-годишникот да смисли платформа за видео конференции наречена Hopin во 2019 година.

Овој месец, неговиот стартап собра 450 милиони американски долари од инвеститори, а уделот на Буфархат вреди околу 3,2 милијарди долари, што го прави еден од најмладите self-made милијардери во светот според листата на Блумберг. Богатството на Буфархат во голема мера се должи на ненадејниот пораст на популарноста на Hopin среде пандемијата кога се случи заклучувањето, така што повеќето состаноци почнаа да се одржуваат преку онлајн.

Кон крајот на 2019 година, Џони објави рана верзија на Hopin која им овозможува на корисниците да присуствуваат на состаноци за време на настанот и да се поврзат со присутните преку видео состаноци. Џони првично планираше да започне платформа за онлајн настани во септември 2020 година, но пандемијата го принуди да го забрза распоредот за шест месеци.

Пар-Јорген Парсон, генерален партнер на лондонската компанија за ризичен капитал Northzone, и инвеститор во Hopin, рече дека Џони знаел што правел долго пред пандемијата.

Џони е еден од миленијалците што го направи своето богатство смислувајќи нешто за унапредување на технологијата. Тој продаде акции на Hopin во вредност од 180 милиони долари, а на него му остана 40% од акциите  по таа продажба. Според Блумберг, само 19 луѓе под 40 -годишна возраст се меѓу 500 -те најбогати во светот.

Фото: Facebook