Како една “рок ѕвезда“ влијаеше на успехот на Netflix

61

Рид Хастингс е претприемач кој направи револуција во светот на забавата кога ја ко – основа компанијата Netflix во 1997 година, а потоа дојде на нејзино чело две години подоцна, како претседател и извршен директор.

Компанијата од Калифорнија денес ја нуди најдобрата стриминг услуга, но до тој успех требаше да дојде.

“Во првите неколку години, ние брзо пораснавме и требаше да ангажираме повеќе софтверски инженери. Со моето сфаќање дека имањето на многу талентирани работници ќе биде моторот на нашиот успех, ние се фокусиравме на наоѓање на најдоброто на пазарот. Во Силиконската долина, многу од нив работеа за Google, Apple и Facebook и беа добро платени. Немавме пари да ги намамиме. Но, како инженер, јас бев запознат со концепт од 1968 година и се нарекува принцип на рок ѕвезда (Rock star)“, вели Хастингс.

Рок ѕвезда принципот е втемелен во позната студија што се одржа во подрум во Санта Моника, Калифорнија. Во 6:30 наутро, девет програмери приправници беа воведени во просторија со десетици компјутери. На секој му беше предаден плик во којшто се објаснуваа низа задачи за кодирање и отстранување грешки, што треба да ги извршат најдобро што можат во следните 120 минути.

Научниците очекувале дека најдобриот програмер ќе го надмине својот просечен колега за два или три фактора. Сепак, се покажало дека најголемиот програмер многу повеќе ги надминал. Бил 20 пати побрз во кодирање, 25 пати побрз во отстранување на грешки, а 10 пати побрз во комплетирање на програмите од програмерот со најниски оценки.

“Имав избор: да ангажирм 10 до 25 просечни инженери или да вработам една рок ѕвезда и да платам повеќе од она што би им платил на другите. Низ годините сфатив дека најдобриот програмер не додава 10 пати поголема вредност, туку повеќе од 100 пати“, изјави Хастингс.

Во вториот квартал Netflix имаше 193 милиони претплатници ширум светот, од кои 72 милиони само во САД.

Фото: Freepik