Како едноставни предлози на вработените од Безос го направија милијардер

681

Џеф Безос во 1994 година ја напушти работата во хеџ фонд во Њујорк и се пресели во предградие на Сиетел. Таму изнајми куќа и го започна бизнисот со Amazon во својата гаража. Година дена подоцна Аmаzon, преку интернет продаваше книги во сите 50 американски држави.

“Во деновите (1995 година) кога ја отворив компанијата, сè уште бевме мала компанија, но брзо растевме и беше возбудливо“, рече Безос, истакнувајќи дека и покрај тој раст имало простор за подобрување.

Биле неефикасни во работењето и логистиката кога компанијата броела 10-тина луѓе. Неефикасна била нивната метода на пакување на нарачки. Првиот месец од започнувањето со Amazon, Безос и неговоте вработени ги пакувале нарачките на под, кога еден од неговите 10 вработени добил идеја како да ја удвои нивната продуктивност.

“Немав маси за пакување. На еден од софтверските инженери, кој седеше до мене, му реков дека треба да набавиме перничиња за колена. И ме гледаше како да сум најглупавиот човек кој некогаш го видел и ми рече: Џеф, треба да набавиме маси за пакување“, раскажа Безос.

Amazon во 1997 година излезе на берза, а бројот на вработени во компанијата порасна на 614. Денес има 750.000 постојано вработени (според податок од септември 2019 година), а пазарната капитализација е поголема од 946 милијарди долари.

Низ историјата на Amazon имало неколку случаеви кога Безос ги слушал своите вработени, дури и кога нивните идеи биле “застрашувачки“.

Безос и неговите вработени пробувале да смислат варијанта на програма за лојалност, кога млад софтверски инженер дошол со идеја, не како програма на верност, туку со идеја на брза, бесплатна достава.

По спроведување на неограничена бесплатна достава, трошоците биле високи, но на крајот добро заврши.

“Купувачите ја ценеа услугата“, изјави Безос, посочувајќи дека идејата на младиот инженер доведе до создавање на Amazon Prime.

Фото: Facebook