Како ефективно да делегирате

83

delegate1

Фото: Pexels

Кога градите и водите бизнис пред вас има голем број на задачи и обврски кои треба да ги исполните, без разлика дали е голема или мала компанија. Вие ја играте улогата на продавач, иноватор, финансиски менаџер и лидер. На почетокот може да ви биде забавно, но со тек на време големиот број на обврски може да ја отежнат работата. Кога ќе стигнете до оваа точка (или веќе сте таму) треба да размислите за делегирање на дел од вашата работа. Делегирањето е клучен фактор за да бидете успешен претприемач и затоа следете ги овие неколку правила за поефективно делегирање, пишува Entrepreneur.

Повеќето претприемачи имаат чувство на “сопственост“ на нивната работа и сакаат да завршат многу работи. Ова е добра особина, но сепак ќе мора да делегирате некои работи за да бидете поефективни во водењето на бизнисот.

Бидете активни

Треба да бидете активни во делегирањето. Ако чекате да “прегорите“ од работа, тогаш делегирањето на задачи може да биде стресно за вас поради доцната реакција. Затоа, потребно е порано да препознаете кога обемот на вашата работа е зголемен и да преземете мерки пред да биде доцна. Може да примите нов работник или да помогнете на некој колега да развие нови вештини за да преземе дел од вашата работа.

Воочете ги слабостите и предностите на тимот

Пред да започнете да давате задачи, треба да бидете свесни за предностите и слабостите на вашиот тим. Секој поединец има свои карактеристики, на пример еден работник може да биде бавен и методичен, а друг малку невешт, но многу брз во извршување на задачите. На првиот може да делегирате важни, но не итни задачи, а на вториот делегирајте задачи кои треба веднаш да се завршат.

Посветете време за учење на вработените

Постојат задачи на вашата листа за извршување кои само вие може да ги завршите, но тоа не значи дека не треба да научите и некој друг од вработените да ги извршува задачите. На обуката на вработените гледајте како инвестиција.

Бидете јасни

Кога делегирате бидете поконкретни за вашите очекувања. Вашиот колега треба точно да знае каква задача треба да заврши и кога да биде готова. Ако повеќе колеги работат на еден проект поставете јасни одговорности или назначете едно одговорно лице.

Дадете и примете повратни информации

Откако доверената задача ќе се заврши, споделете ги информациите со вашите вработени за тоа дали добро или лошо е завршена работата. Прашајте ги што мислат за вашите задолженија и инструкции.