Како економијата на Јужна Кореја ја преживеа пандемијата?

35

Изгледа дека Јужна Кореја пронајде начин да ги ублажи здравствените и економските последици од пандемијата. Во време кога САД се борат со пандемијата и со економска стагнација, Сеул најде начин да ги надмине овие две пречки.

Јужна Кореја тежнее кон намалување на бруто домашниот производ (БДП) за оваа година за само 1%. Ваквата ситуација ја става на второ место меѓу главните економии, веднаш зад Кина. И покрај тоа, се очекуа БДП во еврозонат ада се намали за околу 8%, а САД би можеле да очекуваат пад од 4%, пренесува Al Jazeera.

Економскиот успех што го оствари Јужна Кореја се движел паралелно со успешното справување со пандемијата. Тоа ја објаснува и способноста на Јужна Кореја да одржи економска постојаност, почнувајќи од ефикасно управување со пандемијата.

Тоа овозможи во земјата да нема потреба од воведување целосно затворање, што беше случај со поголемиот дел од светот. Штом земјата успеаја ефикасно да се справи со пандемијата, економските активности воглавно го задржаа темпото од пред почетокот на кризата.

Иако Јужна Кореја не беше силно погодена од кризата, многу брзо подготви силен фискален одговор, одвојувајќи 12,2 милијарди долари на компании и граѓани на почетокот на пролетта.

Фото: Pexels