Facebook ја одржа својата виртуелна конференција посветена на виртуелната реалност под името Facebook Connect7.
Она што беше издвоено на оваа конференција беше сетот за виртуелна реалност – Oculus, како и најавата за партнерство со Ray Ban, од коешто се очекува развој на паметни очила со напредни функции.
Facebook го претстави и проектот Aria, што опфаќа тестирање на паметни очила, истражувања за тоа како проширената и виртуелната реалност ќе влијаат на луѓето и општеството.
Во партнерство со Logitech, Facebook ќе овозможи создавање на тастатура во виртуелниот свет, преку којашто корисникот може да пишува и испраќа документи и мејлови додека седи во виртуелна канцеларија.
Инаку, Oculus Quest 2 е сет за виртуелна реалност, којшто во САД и во 22 други земји, ќе биде достапен оваа есен по цена од 229 до 399 долари. Ќе има напредни можности, подобар изглед, а за негово користење доволно е да се има профил на Facebook.
Фото: Facebookconnect.com