Како им успева да привлекуваат дигитални номади во услови на пандемија

26

Еден од водечките дневни весници, The Washington Post, објави статија за дигиталните номади кои, за време на пандемија, поминале неколку месеци во хрватскиот град Дубровник, пренесуваат тамошните медиуми.

Во текстот се наведува дека на голем број посети на Американци во Хрватска, влијаела директната авио линија меѓу Хрватска и САД, односно меѓу Дубровник и Филаделфија, воведена во април минатата година. Според податоците на хрватската туристичка заедница, Американците минатата година во Дубровник беа втори најбројни гости, со скоро 160.000 посети и повеќе од 442.000 ноќевања.

Своето искуство го споделила Сара Морлок, фриленсерка и писателка од Индијана, која работи на далечина, а во октомври и ноември била во Дубровник со партнерот. Истакнала дека при избор на местото за престој барале историско град со зачувана природа и добра интернет врска, а Дубровник во таа смисла ги исполни нивните очекувања.

За Washington Post Дубровник се труди да привлече дигитални номади, па така во март е претставен проект за воведување ултра брз широкопојасен интернет, додека во октомври е одржана виртуелна конференција Дубровник за дигитални номади, за да го одберат токму овој хрватски град. На почетокот на следната година, Хрватска ќе воведе виза за дигитални номади што ќе ја направи втора земја во Европа и петта во светот што воведува такво нешто.

Фото: Freepik