Како интелигентните луѓе се справуваат со неуспехот

18

uspeh

Фото: Pexels

Една од најголемите препреки за успех е стравот од неуспех, а поради тој страв не го искористувате својот потенцијал. Успешниот одговор на неуспехот се наоѓа во вашиот пристап. Успехот доаѓа ако се фокусирате на резултатите (она што се надевате да го постигнете), наместо да се обидувате да не “паднете“. Интелигентните луѓе гледаат на неуспехот како отскочна штица за постигнување на успех. Акциите што ќе ги преземете откако ќе доживеете неуспех се од клучно значење за тоа како ќе го надминете и како другите гледаат на вас. Постојат неколку акции што треба да ги преземете што ќе ви овозможат да успеете во иднина, а другите да гледаат позитивно на вас и покрај вашиот неуспех.

Кажете за вашиот неуспех

Ако направите грешка, не премолчувајте надевајќи се дека никој нема да забележи. Кога некој друг ќе каже за вашиот неуспех, тогаш доживувате уште еден неуспех. Ако молчите луѓето ќе се прашуваат зошто не сте кажале ништо и тоа ќе го толкуваат како ваша плашливост и неспособност.

Објаснете и не користете изговори

Признавањето на грешките може да го подобри вашиот имиџ. Тоа покажува доверба, одговорност и интегритет. Држете се до фактите и не користете изговори.

Имајте план

Одговорноста не завршува само со признавање на грешката, туку мора да преземете акција. Не можете да чекате дека некој друг ќе го исчисти нередот што сте го предизвикале. Затоа понудете свои решенија. Кажете му на вашиот шеф за конкретните чекори кои веќе сте ги преземале за да ги вратите работите на вистинскиот пат. Исто така, треба да имате план за тоа како ќе избегнете да не ја направите истата грешка во иднина.

Оптимизам и упорност

Чувството на оптимизам ги спречува луѓето на неуспехот да гледаат како постојана состојба. Наместо тоа, тие од неуспехот се трудат да научат нешто. Оптимизмот е чувство на позитивност, а упорноста е преземање на акција. Кога останатите се повлекуваат, упорните одлучуваат да се движат понатаму. Упорните личности се посебни, бидејќи оптимизмот кај нив не умира, а тоа им овозможува лесно да се издигнат по доживеаниот неуспех.