Поранешниот сопственик на фармацевтската веледрогерија Kinray, најголемиот приватен дистрибутер во светот, (пред истата да биде купена од Cardinal Health), го продава својот луксузен имот за 95 милиони долари.
Таканаречениот Burnt Point се наоѓа во Веинскот, Њујорк, а зафаќа површина од 18.000 метри квадратни.
Покрај стандардните соби, куќата има и визба со сортни вина, библиотека, единствен поглед на езеро, ботаничка градина, белведер, приватна плажа, тениско игралиште, надворешни базени и друго.