Во Хјустон, Тексас, на површина од 2.500 метри квадратни се простира луксузна модерна палата која со своите рачно насликани декорации, лиени фигури и раскошни детали многу потсетува на Версајскиот замок.
Палатата има осум спални соби, седум целосно опремени бањи, четири полу-бањи, библиотека, три различни кујни и фитнес центар.
Надвор се наоѓа голем базен, прекрасни градини, место за скара со камин и луксузна тенда до базенот.
Овој луксуз чини 43 милиони долари.