Приватната палата Dar Olfa која се наоѓа во Мароко, го отсликува луксузот типичен за оваа држава во Северозападна Африка.
Палатата има се што ќе посакате, езеро, базен, приватни паркови со зеленило, градини, шуми со маслинови дрвја, фонтани, театар…
Величенственото здание има соби за цртање, библиотеки, гаража за 15 авомобили, приватен ноќен клуб, сауна, фитнес, спа центар, а секоја спална соба излегува во своја приватна градина и базен.