Како изгледа мебел дизајниран од Bentleу

6

Bentley is delighted to announce a partnership with Club House Italia for the development of its new Bentley Home Collection

Инспирирани од вештината на занаетчиите кои ги прават автомобилите на овој луксузен бренд толку посебни, Bentley лансираше серија мебел наречена Bentley Home collection, која совршна се вклопува во домови и деловни простории со стил.

Серијата се состои од пет линии, каде изборот на бои, материјали, текстури и детали на секоја од нив многу потсетува на луксузните Bentley автомобили. За да оживее целата оваа замисла автомобилската компанија склучи партнерство со италијанското студио за изработка на мебел Luxury Living, кое придонесе целиот тој гламур на Bentley да биде надополнет со висок квалитет, совршени пропорции и стил.

Најдобрите парчиња од серијата се дел од линијата Richmond, која вклучува софа, класична фотелја и фотелја-софа. Надворешниот дел на секое парче е обложен со дрвен фурнир или кожа, додека перничињата и седиштата може да се најдат во кожна варијанта, кашмир, кадифе или лен.

Canterbury-bed-Bentley-Home-600x400 (1)
dezeen_Bentley-launches-furniture-range_3
Harlow-coffee-tables-Bentley-Home-600x400
New-furniture-range-from-Bentley-Home-02
Richmond-armchair-Bentley-Home-600x899