Како кафето ја промени историјата?

123

Султанот Мурат IV со смрт ги казнувал оние кои пиеле кафе. Кралот Чарлс II испраќал шпиони во лондонските кафетерии, бидејќи ги сметал за извор на “лажни вести“. Познатите филозофи како Жан Жак Русо и Исак Њутн, редовно полемизирале на различни теми со шолја кафе, а кафетериите во Париз, во текот на 18-от век, служеле како упориште на револуционерите. Токму таму биле правено планови за напад на затворот Бастилија, од каде што почнала Француската револуција и така засекогаш е променета историјата.

Првата кафетерија е отворена во Отоманската империја

Бидејќи алкохолот им бил забранет на припадниците на Исламот, кафаните не биле дозволени, па затоа кафетериите се покажале како одлично место за собирање на луѓе. Таму луѓето имале прилика да се дружат и да разменуваат идеи. Во 1633 година, Султанот Мурат пиењето кафе го сметал за прекршок што се казнувал со смрт.

Првата кафетерија во Лондон е отворена во 1652 година, што претставува своевидна револуција во британското општество. Се сметало дека кафетериите биле “моторот“ на новинската индустрија во 18-от век во Лондон, пишува History.

Кафето и почетокот на Американската војна за независност

Кафето се сметало за патриотски напиток во британските колонии што им претходат на САД. Во времето пред револуцијата, кафето се служело во чаша од некој алкохолен пијалак.

Од Османската империја преку Велика Британија, САД до Франција, кафетериите биле главното упориште каде се сретнувале големи умови, се разменувале важни информации и се правеле планови што го променија светот.

Фото: Pexels