Како ќе изгледа електричниот Fiat од Крагуевац ФОТО

Веб-страницата Carscoops објави патентни цртежи за кои тврди дека ја прикажуваат новата Panda на Fiat, електричен автомобил што треба да започне со производство во фабриката на италијанската компанија во Крагуевац оваа година.

Овој сајт објави и шпекулативен приказ на новиот модел, базиран на цртежи, а тоа е најдобар обид да се прикаже надворешниот изглед на електричната Panda досега.

Фиат оваа година наполни 125 години и ја прославува годишнината со лансирањето на новата верзија на својот најпродаван автомобил, Panda. Се очекува да се вика New Panda за да се разликува од помалиот сегашен модел.