Иако сè уште не се знае датумот на отворањето на фризерските салони во Хрватска, некои салони веќе започнале со подготовките. Меѓу нив е и сопственичката на еден фризерски салон во Загреб, која својот салон го опремила со заштитни прегради.
“Размислувавме однапред, нарачавме заштитни прегради по сите стандарди. Ќе имаме два стола на оддалеченост од два метра. Клиентите ќе добијат ракавици за еднократна употреба и наметка за еднократна употреба“, вели сопственичката.
Таа додава дека на влезот од салонот на секој клиент ќе му се мери телесна температура со бесконтактен топломер, а ќе се закажуваат термини исклучиво преку телефон.
“Ако имате повисока телесна температура, жал ми е нема да влезете, заради ваша и наша сигурност“, вели сопственичката и додава дека четките се дезинфицирани, а фризерките ќе носат заштитни визири.
Фото: Facebook