
„Тесла“, „Нисан“ и разни други производители на производи, почнувајќи од кутии за ручек за деца до луксузни душеци, се меѓу компаниите што ги поттикнуваат клиентите да купуваат пред царините на Трамп да ги погодат цените, бидејќи огласувачите профитираат од стравовите на потрошувачите дека трговските политики на Белата куќа наскоро ќе им ги погодат паричниците, објавува „Фајненшл тајмс“.
Потенцијалните клиенти што пристапуваат до веб-страницата на Тесла во Канада се пречекани со жолт банер на врвот од страницата: „Истражете ги цените пред тарифите додека траат залихите“.
„Сезан“, брендот за облека со седиште во Париз, поддржан од групи за приватен капитал како што е „Џенерал Атлантик“, во понеделник испрати е-пошта до американските клиенти со предупредување дека поради царините, некои артикли „можеби повеќе нема да бидат достапни на веб-страницата на САД во наредните денови“.
-Доколку нешто од ова сè уште ви е на ум, препорачуваме да нарачате наскоро за да не пропуштите – според е-пошта објавена од „Фајненшл тајмс“.
Трговската војна на Трамп ги погоди глобалните берзи и донесе предупредувања за инфлација, па дури и рецесија во американската економија. Но, за некои компании, кризата е можност за продажба на повеќе залихи. Ова доаѓа во чувствително време за маркетерите и огласувачите, додека се обидуваат да ги привлечат Американците да купуваат, дури и кога довербата на потрошувачите во САД падна на најниско ниво од мај 2020 година.
Адам Алтер, професор по маркетинг на Школата за бизнис Стерн при Универзитетот во Њујорк, рече дека овие тактики се „најстариот трик во книгата“.
– Разликата тука е во тоа што оскудноста честопати игра со помеките човечки квалитети, желбата да не се пропушти нешто што другите луѓе можеби го имаат. Додека во овој случај привлечноста почива на многу реална, рационална и речиси сигурна загриженост: дека цените ќе растат драматично и многу брзо – рече Алтер.
„Оми“, брендот со седиште во Калифорнија кој продава кутии за ручек за деца, овој месец им соопшти на клиентите дека цените наскоро ќе се зголемат поради „зголемувањето“ на трошоците за увоз од Кина. Но, клиентите можеа да го користат кодот за попуст „BeforeTariffs“ за да добијат пониски цени само за една недела.
Луксузниот бренд на автомобили на „Нисан“, „Инфинити“, понуди слични пораки. – Инвестирајте во Инфинити без нови тарифи – пишува на нивната американска веб-страница.
На банер на веб-страницата на „Мерцедес-Бенц“ во Калабасас, богат округ на Лос Анџелес, пишуваше „Нема додадени давачки“. 100 проценти без царина. Мерцедес, исто така, се обврза да ги апсорбира трошоците за царински давачки за своите модели на автомобили од 2025 година.
„Сатва“, водечкиот продавач на душеци, исто така им објави на посетителите на веб-страницата оваа недела: „Не чекајте: Победете го зголемувањето на тарифите“.
Податоците покажуваат дека стравувањата од царини можеби навистина помогнале во зголемувањето на малопродажбата во САД во март.
– Ова веројатно е причина за дел од пријавениот раст на малопродажбата што го видовме во март. Тие бројки беа повисоки отколку што вообичаено би очекувале. Веројатно е многу ефикасна порака – рече Брајан Визер, искусен аналитичар за рекламирање и поранешен директор на WPP.











