Пандемијата на коронавирусот донесе одредени промени не само кога станува збор за грижата и здравјето, туку и за стратегиите на бизнисите. Мерките за претпазливост, што подразбираат карантин, социјална дистанца и слично, ги менуваат навиките не само на луѓето, туку и на компаниите. World Atlas направи анализа на тоа како компаниите ја користат социјалната дистанца за да го промовираат својот бизнис. Ние одвоивме неколку од нив:
Промена на логоата
Компании како McDonald’s, Coca Cola, Audi… ги променија своите логоа во знак на поддршка на мерката социјална дистанца.
Донирање во хуманитарни цели
Голем е бројот на компании што донираат пари за борба против вирусот. Па така, американскиот текстилен бренд Everlane ќе го донира целиот свој профит од својата линија 100% Human Line за банката за храна на САД – Feeding America.
Рестораните подготвуваат храна за бездомници
Поради потребата за социјална дистанца, некои ресторани во светот целосно го сменија својот концепт. Наместо храна за гости во ресторанот, тие ја подготвуваат храната и ја испорачуваат на домашна адреса на своите гости. Исто така, дел од рестораните подготвуваат и храна за бездомници.
Бесплатни ноќевања
Големи хотелски брендови овозможуваат бесплатно ноќевање за здравствени работници кои не мора после работа да одат дома за да го изложуваат своето семејство на ризик од зараза.
Сите компании испраќаат пораки за солидарност и претпазливост
Дека за заштита од коронавирусот е неопходна претпазливост сите станавме свесни. Сепак, компаниите ја користат својата позиција за да покажат солидарност, подготвеност да помогнат, но во исто време и да упатат апел до сите да се придржуваат кон мерките за да го заштитат своето и здравјето на своите блиски.
Фото: Pixabay