Како лесно да справите со ирационалните колеги

29

kolegi

Фото: Pexels

Мал прирачник за како најдобро да постапите со ирационалното однесување на колегите.

Покажете емпатија

Застанете за момент и прифатете го фактот дека секој има лоши моменти. Дури и вие понекогаш покажувате знаци на ирационално однесување. Постојат многу ситуации што можат да придонесат за напнатост, фрустрација и нервоза и треба да не судиме пред да ја дознаеме позадината зад таквото однесување. Започнете со тоа што ќе покажете интерес за чувствата на другите луѓе и нема да коментирате на глас. Последната работа што еден ирационален колега сака да ја чуе е дека неговите мислења и ставови не се добри и дека не е во право. Иако можеби навистина не е во право, во моментот емоциите се тие што спречуваат рационално размислување.

Идентификувајте ги поттикнувачите

Ирационалните емоции и однесување ескалираат, имаат свој тек и на крај опаѓаат. Некои луѓе се едноставно поподложни на нив и ги доживуваат на различни етапи. Ваквото однесување е најчесто предизвикано од околностите или од емоционалните поттикнувачи. Токму затоа многу е важно да ги идентификувате овие предизвикувачи и да се обидете да управувате со нив. За тоа да се оствари, треба да се пронајдат лошите ситуации што ги поттикнуваат негативните реакции. Самосвеста е клуч за поврзување со другите и обезбедување на место во нивните животи. Ако ја откриете нивната слаба точка или осетлива тема, бидете внимателни кога се зборува за тоа, но сепак немојте ништо да премолчите.

Пробајте да се поврзете

Една од најголемите грешки којашто можете да ја направите со ирационалните колеги е да заземете борбен став. Доколку се обидувате да покажете дека сте во право, однапред сте осудени на залудна борба. Одолејте му на искушението да се расправате за ваше и општо добро на деловната заедница. За да се поврзете со ирационалниот колега, разбудете го рационалното во себе. На тој начин ќе остварите врска со неа/него и ќе постигнете остварување на заедничките деловни цели.