Како лидерите се справуваат со критиките

240

covecinja

Фото: Pixabay

Ниту еден човек не сака да биде критикуван. Сите се надеваат дека тоа што го прават е најдобро и очекуваат пофалби од околината. Но, не е секогаш така. Најчесто егото зазема главна улога кога ќе наидете на критика, без разлика колку е таа конструктивна. Наместо да се чувствувате огорчени и навредени, следниот пат кога ќе ве критикуваат или нема да успеете во саканата идеја, можете да научите од таа лекција. Успешните лидери употребуваат три механизми што им помагаат да ги надминат моментите на критики, неуспех или разочарување, без да ја изгубат мотивираноста во работата.

1. Оставете да помине

Сè во животот доаѓа и си оди. Најважната работа е да останете смирени во тешките мигови. Дишете длабоко и задржете ја смиреноста во себе. Конкуренција постои насекаде, но не и во внатрешноста на човекот. Не дозволувајте туѓото мислење да ве дефинира вас и тоа што сакате да бидете.

2. Претворете ги раните во мудрост

Никој не сака да си ги признае своите недостатоци. Но, ако објективно ги согледате и почнете да работите на себе, можете да ги надминете и да се подобрите во секој аспект. Кога ќе погледнете на работите од временска дистанца, ќе воочите дека најтешките мигови всушност ви донеле голем бенефит.

3. Соочете се со бруталната вистина

Критиките најмногу болат кога се вистинити. Научете да ги слушнете и да прифатите дека сте згрешиле. Поголемиот дел од успешните претприемачи се големи егоисти и не дозволуваат никој да ги критикува. Доволно е да научите да слушате и да ја прифатите вистината, бидете искрени со себе и преземете акција. Во секој неуспех или погрешна одлука лежи голема животна лекција, а неа ќе ја согледате само ако сте доволно мудри.