Она што започна како шега и пародија на тема криптовалути инспирирано од смешното интернет “меме“, прерасна во вистинска криптовалута, а откако оваа валута стана тема на твитовите на Илон Маск, нејзината вредност скокна за 20%.
Извршниот директор на Теsla вчера објави твит на Twitter во кој се пошегува со биткоинот, па во еден момент го спомна Dogecoin, пишувајќи во твитот “Само еден збор: Doge“.
Овој твит ја зголеми вредноста на Dogecoin за 20 % и го вклучи во најбараните термини на Twitter. Технолошкиот милијардер отиде чекор подалеку, па во својата биографија на оваа социјална мрежа додаде дека тој е и поранешен директор на Dogecoin, пишува CNN.
Маск твитна за Dogecoin откако биткоинот ја достигна највисоката вредност досега, достигнувајќи 24.000 долари.
Dogecoin е создаден во 2014 година како пародија на популарното интернет-меме “Doge“, која вклучуваше слика на куче. Иако виртуелната паричка е создадена од шега, таа во моментов има пазарна вредност од скоро 570 милиони долари.
Фото: Facebook