Како менаџерите можат да работат заедно и кога не се согласуваат

73

Кога поминувате со некого половина ден, сосема е нормално и да не се согласувате за нешто. На работното место, кога не се знае кој кому е авторитет, честопати доаѓа до конфликтна ситуација. Еден проект, двајца менаџери, различни ставови и гледишта… за сè да излезе како што треба и во определениот рок потребна е тактика, трпение и здрав разум.

Како да ги спречиме несогласувањата да ескалираат?

Несогласувањата како позитивна работа

Обидете се несогласувањата да ги гледате како нормална, па и позитивна работа. Убаво е да се видат повеќе гледишта и по можност да се извлече најдоброто од нив. Различни типови на менаџери од различни сектори може да имаат поинакви мислења за една работа. Целта е во тоа да се најде заеднички јазик, да се изнесат негативните аспекти што секоја страна ги мисли за спротивната и со заеднички сили да се пронајде решение што ќе најдобро одговара за сите.

Бидете љубопитни

Пред да се налутите бидете љубопитни и откријте зошто не се согласувате со другиот менаџер(и). Поставете прашања за да дознаете што навистина им е важно на другите и дајте до знаење дека го разбирате тоа. Со тоа ќе воспоставите комуникација базирана на доверба и почит. Дознајте ги силните и слабите страни на човекот од другата страна, но потсетете се и на вашите. Потоа разговарајте на неутрално место, без лаптопи или ако тоа не е возможно, преку Skype или слична онлајн алатка. Во ниеден случај не правете го тоа преку мејл.

Дали воопшто вреди кавгата?

Некои битки се потребни, но има и такви што залудно се водат. Прво поставете си го прашањето дали вреди да се докажувате или тоа е само потреба на вашето его?Дали е клучно тоа за проектот, дали ќе има последици за тимот и слично… Кога ќе знаете колку и дали вреди расправијата тогаш заземете цврст став, но внимавајте секогаш да бидете професионални.

Фото: Pixabay