Најстариот хотел во светот е Nishiyama Onsen Keiunkan којшто пречекува гости веќе 1.300 години, а е основан во далечната 705-та година од оваа ера. Она што го прави овој хотел важен, освен што е току стар, е фактот дека го води исто семејство и тоа 52 генерации. Се претпоставува дека компанијата успеала одлично да го помине тестот на времето, но можеби одговорот се крие и во лековитите води од изворите што ги користи хотелот.
Во 2011 година, хотелот беше запишан како најстар во Гинисовата книга на рекорди.
Nishiyama Onsen Keiunkan има 37 соби, а се наоѓа околу 140 километри од планината Фуџи. Откако за првпат е отворен пред точно 1316 години, целата топла вода што ја користи доаѓа од локалниот извор Хакухо.
Откако бил изграден, хотелот низ годините неколку пати бил реновиран, а едно големо преуредување се случило во 1997-ма година. Сепак и со таа обнова, хотелот го задржува автентичниот стил.
Станал хотел нудејќи место за одмор на изморените патници, да можат да се одморат, да јадат и да се стоплат за да го продолжат своето далечно патувања. Вакви хотели имало уште во античко време, па старите Грци се меѓу првите кои развиле термални купки за одмор, а тие и денес може да се најдат во Велика Британија, Швајцарија и на Блискиот Исток.
Хотелите како што ги познаваме денес датираат од пред неколку стотина години, околу 1770-тите години, а некои веруваат дека Grand Hotel во Лондон e прв од таков вид, отворен во 1774-та година. Наместо место за одмор од долги патувања, хотелот нудел нов вид на услуги за туристи кои сакале да уживаат.
Фото: Facebook