Како најчесто вработените залудно го трошат времето

101

Работата останала незавршена или се направила грешка од брзање. Некои колеги немале доволно време за одреден проект, а други заглавиле со мејловите.

Како најчесто вработените залудно трошат минути па и часови на работа?

Непотребни состаноци

Доколку навистина е потребен состанок, има проблен, се случило нешто ново, ќе се случи нешто важно и слично, само тогаш треба да се собере и да дискутира. Оставете ги формалните состаноци коишто честопати и воопшто не се потребни.

Мејлови

Којзнае колку безцелни мејлови мора да се прегледаат во текот на денот. Стигнува мејл, па потврда за истиот, па ново дополнување… Мејлот (кога е навистина потребно да се прати) треба да биде краток и јасен во неколку реченици коишто ги содржат клучните работи.

Разни формални обуки

Застарени процедури, техники што веќе и не се потребни или едни исти совети колку да се одржи закажаната обука… сето ова е сосема непотребно. Наместо тоа целиот тој тренинг може да се направи и додека се работи, преку дискусија, односно еден вид на активна работилница каде сите се вклучении.

Мултитаскинг

Со мултитаскингот всушност и многу работи се лошо сработени или недовршени. Тоа значи дека повторно бадијала сте трошеле време на повеќе работи одеднаш. Додека не завршите со една, не започнувајте друга задача.

Интернет и социјални медиуми

Едноставно не можеме да ги заобиколиме интернетот и социјалните медиуми. Многу вработените признаваат дека трошат повеќе време од потребното сурфајќи на интернет и разгледувајќи објави по Facebook, Instagram, Twitter и останатите слични платформи. Добар пример за залудно потрошено време на работа, што може да се искористи многу попродуктивно.

Фото:Pixabay