Како најдобро да го искористите викендот

23

За време на викендот треба да направите нешто поразлично од секојдневните обврски. Ако сакате да одморите и да ги наполните батериите за следната работа недела следете ги советите во продолжение.

Време за најмилите

Задолжително одвојте време за оние што најмногу ги сакате. Честопати работната недела е хаотична и ретко кој успева доволно да се посвети на семејството. Организирајте заеднички активности, во зависност од нивните потреби и желби. Бидете тука за нив и послушајте што имаат да ви кажат.

Вежбање

Во текот на работната недела многу тешко се наоѓа време за вежбање. Но, затоа тука е викендот кога можете да одвоите барем неколку часа за некој спорт. Телото ќе ви биде благодарно и веднаш ќе почувствувате зголемена доза на енергија. Дури не мора да изглегувате од домот, пронајдете едно катче и направете едноставна серија на вежби. И тоа може да биде доволно, особено ако цела недела сте ја поминале во седење.

Што помалку работа

Домашните обврски никогаш не престануваат. Потрудете се да ги сведете на минимум, односно да одвоите што помалку време за нив. Не дозволувајте целиот викенд да ви мине во чистење и средување на она што требало да се среди.

Дружење

Свртете неколку броеви, поканете ги пријателите на дружба. Во природата на човекот е да се дружи и да разменува искуства, така се чувствуваме посреќно и поисполнето. Не чекајте некој да ве побара, вие бидете иницијатор на забавата.

Активности што ве прават среќни

Особено ако вашата работа е канцелариска и не ви овозможува никаква активност, повеќе од потребно е за време на викендот да одвоите време за раздвижување на мускулите. Тоа може да биде било каква активност, само да не сте врзани за кауч пред телевизор или компјутер. Одење на прошетки на места што вие ќе ги одберете, било каква работа во двор, градина, спорт или хоби што ќе ве оттргне од секојдневието и ќе ви овозможи да се поврзете со себе на еден поздрав начин.