Како најдобро да го презентирате вашиот производ

172

salesmanФото: Pexels

Основна причина поради која што потенцијалните купувачи не се одлучуваат за купување е што не можат во потполност да разберат како тоа што вие го продавате би можело да им користи. Токму затоа најважно е како ќе го презентирате производот. Најдобар начин за да ја постигнете целта е да го користите добро познатиот метод на презентација “покажи, кажи и прашај “.

Покажи

На почетокот на презентацијата, покажете го производот на потенцијалниот купувач, објаснувајќи му и демонстрирајќи му како функционира. Важно е во оваа почетна фаза да го вклучите потрошувачот во самиот процес. На пример, замолете го да направи нешто, лично да проба од производот или да ви помогне при пресметување колку пари би заштетил доколку се одлучи да го купи она што вие го нудите.

Кажи

Следно што треба да направите е да се фокусирате на едукативниот дел – објаснете ги придобивките од користење на производот/услугата. Не заборавајте да користите приказни од задоволни клиенти, статистички податоци и резултати од истражувања што одат во полза на она што сакате да го продадете. Користењето на визуелни помагала е клучно во оваа фаза.

Прашај

Во последната фаза за максимален ефект на презентацијата, важно е редовно да правите паузи за да добиете повратна информација за она што сте го зборувале до тој момент. Не само на крајот, туку и во текот на целиот процес, стремете се постојано да ги вклучувате потрошувачите, повикувајќи ги да дадат свои коментари и мислења.

За крај, не обидувајте се да влијаете или да убедувате на било кој начин. Поставувајте прашања и внимателно слушајте ги нивните одговори. Поставете се како консултант и лице кое помага, а не како трговец. Продажбата ќе биде неизбежна.