Како настана уникатниот седан на Ferrari? (ВИДЕО)

62

Не требаше многу време за да се појави лимузина на истата основа по уникат на Ferrari.

BR20 е најновиот во серијата на „one-off“ уникати кои му овозможуваат на Ferrari лесно да ја пополни касата, но и лесен начин за промовирање на брендот. Ferrari е еден од најсилните играчи овде, па многумина се прашуваат зошто не е подготвен да понуди одговор во вид лимузина.

Додека се создава кросоверот на Ferrari, а можеби и електричен новитет, можеме да го скратиме чекањето со уште еден уникат. Потекнува од главите на ентузијастите во автомобилската индустрија од SRK Designs. Сакаа да дизајнираат една суперспортска лимузина.

Целиот процес на создавање на оваа креација можете да го видите во видео објавено на YouTube, како и конечниот резултат по зголемувањето на растојанието помеѓу оските и сите последици што ги носи дополнителен пар врати.