Како не треба да донесувате одлуки

25

Начинот на кој ги донесуваме одлуките во голема мера зависи од тоа какви сме карактерно и кои особини нè  прават поразлични од другите луѓе. Секако, целите, амбициите, интересите и желбите влијаат на тоа која одлука во кој момент ќе ја донесеме и која одлука е во склад со приоритетите кои сме ги одбрале за себе.

Импулсивно

Донесувањето на одлука во секундата, кога аналитичкото размислување е речиси исклучено е најлошото нешто кое може да го направите, посебно доколку донесувате одлука врзана за вашиот бизнис. Затоа, не дозволувајте во ниеден момент да ве води импулсивноста при донесување на важни одлуки.

Неодлучност

Неодлучувањето, односно препуштање на работите и околностите што следат, исто така може да биде штетно за вашиот бизнис. Вие сте тие кои треба да го имаат последниот збор за секоја одлука. Доколку не можете да се одлучите, посоветувајте се со колеги, немојте да ја оставате ситуацијата нерешена. Така ќе ви прави само доплонителен притисок и ќе имате чувство дека имате товар, од кој не можете да се ослободите.

Имитирајќи

Кога во процесот на одлучување се раководите по туѓите избори, без разлика дали ви одговараат или не, најверојатно ја правите најголемата грешка. Секако, одлично е да слушнете повеќе мислења, но не дозволувајте тие да влијаат врз вашата конечна одлука, доколку имате спротивно мислење.

Одложување

Одложувањето на одлуките до последен момент кога најчесто сте принудени на било каков избор, е исто така лоша опција. Немојте да ја игнорирате потребата да се одлучите на време, затоа што нема да ја донесете вистинската одлука, ако сте принудени да се одлучите во многу краток рок.

Фото: Pixabay