Како „неуредното“ куцање, голтање букви, граматички грешки, ги направи милијардери

86

Дали некогаш сте помислиле дека познавањето граматика може да ве направи милијардер? Токму „оваа вештина“ направи двајца млади претприемачи успешни луѓе.

Компанијата Grammarly, основана во 2009 година, ги претвори своите основачи, Украинците Макс Литнин и Алекс Шевченко, во милијардери. Со помош на програмерот Дмитриј Лидер, овие претприемачи создадоа компанија која може да го поправи вашето „неуредно“ куцање, голтање букви, граматички грешки итн. Компанијата го претвори секој од нив во милијардери во вредност од 4 милијарди долари, според Форбс.

Основачите имаат по 35% од капиталот

Според податоците објавени од Pitchbook, околу 22 отсто од Grammarly е во сопственост на инвеститори, додека Лидер, развивач и ко-основач има удел од еден отсто. Тоа значи дека Литвин и Шевченко имаат, според проценките, 35% од капиталот на оваа компанија. Според Форбс, оваа компанија ги оспорила нивните проценки, но наведуваат и дека не дале никакви докази дека е поинаку.

„Grammarly е приватна компанија и не ја откриваме распределбата на сопственоста“, рече лицето задолжено за односи со јавноста на компанијата, Сенка Хаџимуратовиќ.

На почетокот целта беше да им се помогне на учениците и студентите

Компанијата со седиште во Сан Франциско беше лансирана пред повеќе од една деценија како производ кој има за цел да им помогне на студентите со граматиката и правописот и е базиран на претплата.

Оттогаш еволуираше и напредуваше, а сега може да се користи за исправување на правописните и граматичките грешки во деловната кореспонденција, во документите и многу повеќе. Оваа компанија работи на принципот на претплата, но има и „премиум пакети“ кои чинат во опсег од 12 до 30 долари месечно.