Претприемачкото патување на Ели Дангерфилд започна со коментар од неговата мајка за време на семеен одмор во Тајланд кога тој имал 14 години.
“Таа ми рече, замисли си дека можеш да живееш вака секој ден. Тогаш почнав да мислам – сигурно луѓето живеат вака и сè што треба да направам е да најдам начин“, вели тој за news.com.au.
Тој одлучил дека клучот за добар живот е во работата за себе, без потреба од работа во канцеларија и друг да му биде шеф.
Така тој почнал да бара начини за заработка преку интернет, а набрзо се запознал со идејата за продажба на интернет. Денгерфилд ги истражувал онлајн-продавниците и брендовите што имале милионски заработки и одлучил да го следи нивниот пример. Тој почнал да продава квалитетни, но достапни часовници.
“Почнав да разгледувам подлабоко во сите овие онлајн продавници и брендови што создадоа десетици милиони, и си помислив, ако можам да бидам само еден процент паметен како нив, тоа ќе ми го смени животот“, вели тој.
Дангерфилд одлучил да се специјализира во квалитетни, достапни часовници
Тој го лансирал брендот Elmore Lewis (комбинација од неговото средно име и неговиот татко) во 2016 година, на 17-годишна возраст. Набрзо почнал соработка со агенција за рекламирање, но неколку месеци забележувал загуби. До крајот на 2017 година имал само 300 долари на својата сметка и мислел дека бизнисот му пропаднал. Ја откажал соработката со рекламната агенција и одлучил да организира последна распродажба и да ги искористи сите пари за рекламирање.
Таа вечер заработил над 1.200 долари, а следниот ден заработката изнесувала 7.000 долари. Денгерфилд вели дека го направил спротивното од она што го правела маркетинг-агенцијата, односно се рекламирал на места на кои претходно не го правел тоа, а тоа ја направило разликата. Таа недела заработил над 21.000 долари.
Денгерфилд вели дека го заработил првиот милион на 21-годишна возраст
“Сега заработувам 300.000 долари месечно преку мојот лаптоп, од дома. Не мора ниту да станам од креветот ниту да ги соблечам пижамите“, вели тој.
Следни чекори
Дангерфилд сега е фокусиран не само на развивање на сопствениот бизнис, но исто така им помага на другите да започнат бизнис во светот на е-трговијата преку менторство и услуга којашто тој ја нарекува Business in a Box пакет.
Вели дека клучот за започнување бизнис е да се идентификуваат главните можности на пазарот, да се најдат победнички докажани производи за продажба, да се изгради веб-страница на продавница, да се создаде маркетинг и рекламен материјал и видеа и да се постават содржини на социјални медиуми.
Фото: Facebook