Како паметните вработени се “справуваат” со шефот

354

dzamlii

Фото: Pixabay

Постои одредена група луѓе што знаат како на паметен начин да изградат одлични односи со претпоставените. Доколку се прашувате како и вие тоа да го направите, еве неколку совети што ќе ви дадат насока.

Запознајте го шефот – колку повеќе, толку подобро

Ако некого не познавате доволно, не можете да имате изградено добри односи со личноста. Затоа најдете време и направете сè што е потребно да го запознаете претпоставениот/та. Што е тоа што го сака, почитува, што го/ја нервира, каков став има за одредени работи и слично.

Научете што е можно повеќе за бизнисот

Однесувајте се како да сте вие извршен директор на компанијата. Дознајте сè што можете за бизнисот. Дури и ако не ви е во план да бидете на лидерска позиција, корисно е да знаете како функционира бизнисот, кои се слабите, а кои силните страни на компанијата и слично.

Секогаш стремете се за добра комуникација

Споделувајте информации брзо и често. Тоа значи преземење иницијатива да го информирате шефот, ако на пример сте направиле грешка, но и ако сте завршиле некоја работа. Само така може да создадете однос со меѓусебно почитување.

Дознајте што е најважно за вашиот шеф

Секоја недела прашувајте го вашиот претпоставен/на што е топ приоритет, за да можете да обезбедите релевантни информации или да понудите решенија за задачата. Ако редовно го практикувате тоа, ќе ги добиете вниманието и почитта што ги заслужувате.

Давајте позитивен фидбек

Ако вашиот претпоставен направи нешто добро, дајте му/и позитивен фидбек. Секој човек сака да чуе пофални зборови кога успешно ќе одработи одредена задача. Издвојте карактеристика што ја цените кај шефот и слободно кажете дека ви се допаѓа тоа.

Придонесете за успехот на вашиот шеф

Кога работите за некого и сè додека е тоа така, треба да бидете синхронизирани со таа личност. Ако сакате да бидете успешни, треба да се стремите и вашиот шеф да постигне успех. Во спротивно работите ќе течат бавно и во неповолна насока.